Во војната во Сирија досега загинале над 300.000 луѓе
13.09.2016 15:18
Центарот, со седиште во Лондон, наведува дека е потврдена смртта на 301.000 цивили и борци од март 2011 година...

Бројот на загинати во Сирија од почетокот на судирите во 2011 година досега достигнал над 301.000 лица, тврди Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Центарот, со седиште во Лондон, наведува дека е потврдена смртта на 301.000 цивили и борци од март 2011 година, но според некои проценки вкупниот број на загинати би можел да изнесува околу 430.000 луѓе.
