Ќе се развиваат енергетски конкурентни компании

13.09.2016 15:41

Центарот за енегетска ефикасност и министертсвото за економија го стартуваа проектот „Екос“. Од вкупно десет избрани компании ќе се користат искуства кои ќе треба да се применат во останатите компании кои сакаат да ги намалат трошоците и да заштедат енергија. Од МАЦЕФ велат дека заштедите се движат и до 20 проценти, а новата опрема помага инвестицијата да се врати за само една година...

Десет одбрани помали компании ќе учат како да заштедат енергија за да ги намалат трошоците во производствениот процес. Прво имаат обука, а потоа и помош од државата за да ја заменат опремата. Крајната цел е да станат поконкурентни на пазарот.

Од невладиниот центар за енергетска ефикасност велат дека заштедите може да се движат и од 30 до 40 проценти, а инвестицијата ќе се врати за само една година.

Големите македонски компании претходно преку проектот на УНИДО обезбедија енергетска контрола, сега државата се насочува кон малите и средните компании. Статистиката покажува дека потрошувачката на енергија има голем удел во вкупните трошоци кои го намалуваат профитот.

Дијана Ценевска