Јавна дебата за процесот на лустрација

13.09.2016 16:02

Лустрацијата во Македонија беше класична пресметка со неистомислениците и политички реваншизам, став на лицата кои беа прогласени за соработници на тајните служби. Првиот човек на Лустрациска, Аџиев тврди дека ниту едно лице не е лустрирано без валиден документ...

Класична пресметка со политичките неистомисленици и реваншизам, вака процесот на лустрација го оценуваат лицата прогласени за соработници на тајните служби и дел од експертската јавност. Се лустрираа починати лица и без докази, беше речено на дебатата. Според поранешниот претседател на уставниот суд и прв лустриран Трендафил Ивановски,со процесот се прекршени човековите права и слободи.

Дел од дискутантите посочија дека тајната полиција и во независна Македонија не се реформираше целосно, а лустрацијата не направи помирување, туку отвори нови рани. Членот на лустрациска Вељановски, оцени дека треба да се говори за расчистување со минатото, а не за расчистување со комисијата.Се заложи за како што рече, спречување на обидот за конзервирање на минатото.

Се лустрираа лица само со вербални докази, а тие немаа можност за правична одбрана, вели Нора Шакири,ќерка на новинарот Хисен Шакири, кој беше прогласен за соработник на тајната полиција. Посочи документ кој потврдува како што рече дека нејзиниот тако не е кодош.

Лустрацијата наиде на сериозен и силен отпор од нејзините противници,кои се бореа таа да не се случи, смета првиот човек на лустрациска Аџиев. Тврди дека работеле законски и само врз основа на добиени документи.

Од почетокот на работата на Комисијата се лустрирани 300 лица,проверени биле 30 илјади носители на јавни функции. За уште 300 лица има документи дека биле соработници на тајните служби,но поради законското решение за престанок на работата на Комисијата на први септември лани, тие се во архивата, рече Аџиев.    

 

Милчо Велески