Предлогот на Зијадин Села ја разбранува струшката јавност

31.01.2014 15:48

Доколку постои особен интерес кај советниците, струшкиот градоначалник идејата за промена на имињата на училиштата и улиците во Струга, со задоволство би ја реализирал.

„ Треба да се менат имињата на училиштатат, кога веќе сакаме да заборавиме на бившиот систем не смееме да си дозволиме и да имаме имиња од тоа време. Граѓаните имаат право да носат иницијативи за било какви имиња и предлози. Не е мое јас да предлагам имиња. Имињата треба да ги предлагаат заедниците кои живеат во Струга. Истото важи и за улиците. Еве имаме имиња од македонци, срби па дури имаме во Струга и име на југословенската народна армија. Е сега проблемот сепак лежи во Охридскиот рамковен договор бидејќи тоа се гласа со двојно мнозинство. Јас упатувам апел до советниците на Струга. Јас кога бев пратеник во Собранието на РМ предложив да се укинат сите улици во Македонија до 2 години, да се дава предлог до локалните власти за да се најде компромис за улиците и доколку не се најде компромис тогаш сите улици да бидат со бројки. Струга би требало да ја отвори оваа тема, ако ништо друго ние имаме многу лауреати добитници на струшките вечери на поезијата кои би можеле да се најдат како имиња на струшките улици“Зијадин Села – градоначалник на Стругa

 Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Струга возвратија со експресна реакција.

„Што се однесува до преименување во делот на имињата на улиците и училиштата во Струга, ОК на ВМРО-ДПМНЕ јавно го има кажано ставот уште од порано дека сме против преименување и така ќе остане до крај.  За да се донесе таква одлука потребно е бадентерово мнозинство и сметам дека оваа изјава на градоначалникот не е на место. Што се однесува до статутот на ОУ Јосип Броз Тито наставата таму се одвива само на македонски јазик и така ќе остане. За промена на статутот прво е потребно да се произнесат надлежните од Министерството за образование а потоа да се произнесе советот на општина Струга за кое раководството и советниците на ВМРО ДПМНЕ не е прифатлива никаква промена на статутот на ова училиште, изјави Перо Петкоски - претседател на ВМРО ДПМНЕ - Струга

Охридскиот рамковен договор, според првиот човек на општина Струга, создава проблем при менување на имињата, зашто како што вели, за промената е неопходно двојно мнозинство.

Новинар: Јованчо Наумоски

Снимател и монтажа: Сашо Кленкоски