10 невладини ромски организации- прва коалиција за претстојните избори
На промоцијата на платформата наречена „Мојот глас- моја одговорност“ беа конкретни дека сакаат да ја сменат перцепцијата кон Ромската заедница. Ги предупредија политичките партии да не помислуваат да манипулираат со Ромите и нивното избирачко право.

Десет невладини ромски организации се првата коалиција за претстојните парламентарни избори. Се обединија за политички да ја образуваат Ромската заедница за нивното избирачко право, сузбивање на манипулациите со ромскиот глас, но и наметнување на приоритетите за развој на оваа заедница во агендите на политичките партии.
На промоцијата на платформата наречена „Мојот глас- моја одговорност“ беа конкретни дека сакаат да ја сменат перцепцијата кон Ромската заедница. Ги предупредија политичките партии да не помислуваат да манипулираат со Ромите и нивното избирачко право.
Ромските невладини потенцираат дека нивните напори, посакуваниот резултат од делувањето на ромскиот невладин сектор е дефинирање на местото на ромската заедница и нејзино активно учество во општеството.
„Мојот глас- моја одговорност“ изборите ќе ги набљудува со 100-тина набљудувачи.
Миле Ристески
