Јанукович го потпиша законот за амнестија
31.01.2014 15:52
Украинскиот претседател Виктор Јанукович го потпиша ...

Украинскиот претседател Виктор Јанукович го потпиша законот за амнестија на сите демонстранти, освен тие што направиле тешки прекршоци.
Според документот, демонстрантите треба да ги напуштат окупираните институции во рок од 15 дена.
Јанукович укина и неколку спорни закони од пакетот од 16 јануари како тој за бесплатна правна помош, одговорност за сквернавење и уривање споменици од втората светска војна и одговорност за негирање или правдање фашистички злосторства.
