Нов земјотрес од 3,2 степени по Рихтер ноќеска го стресе Скопје

14.09.2016 08:09

Ноќеска во 01 часот и 32 минути регистриран е земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2...

Нов земјотрес со интензинтет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Скопје и околината.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2.

Скопје и околината во изминатите три дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.