Вашингтон: Трговските договори мора да продолжат

14.09.2016 10:29

Соединетите Американски Држави мора да продолжат да склучуваат трговски договори и по смената на администрацијата во Белата куќа, сметаат поранешните американски трговски претставници. Според нив, трговијата со други земји се добри за економијата и за намалување на американскиот долг што достигна 19 трилиони долари.

Трговските договори на Соединетите Американски Држави со други земји ќе придонесат за зголемување на економскиот раст и странските инвестиции и за намалување на долгот, оценуваат поранешните американски трговски претставници. Тие на новиот американски претседател ќе му советуваат САД да продолжи да преговара за Договорот за слободна трговија со Европската унија и покрај излегувањето на Британија од Унијата.

„САД се најголемата произведувачка држава и економија и треба да се однесува како таква. Тоа значи дека треба да бидеме лидер во трговските договори, а не лидер од позадина“, смета Вилијам Броксенатор и поранешен американски трговски претставник од 1981 до 1985.

„Прв чекор на новиот претседател е веднаш да се склучи Договорот за слободна трговија до ЕУ. Да видиме што м ожеме да спасиме од овој договор“, вели Роналд Киркпоранешен американски трговски претставник од 2009 до 2013.

Трговските договори и колку тие влијаат на работните места во Америка се тема на изборната кампања на претседателските кандидати. Трамп смета дека тие се штетни и дека се причина за затворање на работните места за Американците. 

„85 проценти од работните места што се затвораат, и тоа ќе му кажам на идниот претседател, се последица на брзиот развој на технологијата. 13 отсто се губат поради трговијата и прелокација на компаниите“, изјави Карла Хилспоранешен американски трговски претставник од 1989 до 1993.

„Не сум чула ниту еден од кандидатите да зборува за долгот и дефицитот. Тоа се фундаментални предизвици во економијата, а полесно е да се посочи на трговските договори“, вели Сузан Швабпоранешен американски трговски претставник од 2006 до 2009.

Според поранешните американски трговски претставници, договорите за трговија се добри за економијата бидејќи ги намалуваат разликите околу процедурите и стандардите.

57 отсто од Американците поддржуваат склучување на Договор за слободна трговија меѓу САД и ЕУ.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ