Земјотрес од 6,1 степен според Рихтер ја погоди Колумбија
14.09.2016 10:43
Епицентарот се наоѓа на 21 километар од градот Мутата, на 129 километри од градот Меделин, покажуваат податоците на американскиот геофизички институт.

Земјотрес со сила од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Колумбија. Епицентарот се наоѓа на 21 километар од градот Мутата, на 129 километри од градот Меделин, покажуваат податоците на американскиот геофизички институт.
Според информациите на колумбискиот геофизички институт, потресот бил на длабочина од 17 километри. Засега нема податоци за жртви и материјални штети.
