Во седиштето на ОН започна 71-та седница на Генералното собрание

14.09.2016 11:42

На почетокот на седницата тој ги покани дипломатите од 193 земји членки на минута молк, посветен на молитви и размислувања.

Во седиштетот на ОН во Њујорк се отвори официјално седумдесет и првата седница на Генералното собрание на организацијата. Претседател на седницата е дипломатот од Фиџи, Питор Томсон.

На почетокот на седницата тој ги покани дипломатите од 193 земји членки на минута молк, посветен на молитви и размислувања.

Томсон беше избран за претседател на Генералното собрание на ОН во јуни. За време на неговиот мандат ќе биде избран новиот Генерален секретар на ОН.