Геопортал- податоци за сè на едно место

31.01.2014 16:07

Податоците битни за функционирање на граѓаните и бизнисот со кои располагаат државните ...

Податоците битни за функционирање на граѓаните и бизнисот со кои располагаат државните институции и коморите ќе бидат достапни на национален геопортал. Ќе се добива брз одговор на низа ситуации, огромна лепеза на податоци за инфраструктурата, за деталните урбанистички планови, за статистички извештаи.
 
Инвеститорот доколку сака да гради, од дома од било која локација, со готов ваков геопортал ќе можд да направи увид во градежната парцела, да дознае што се предвидува во опкружувањето, да ја види конфигурацијата на земјиштето – појаснува Славе Трпески Директор на Агенција за катастар на недвижности на Македонија.
 
Заштеда на време за пребарување на информациите по различни сајтови, намалување на трошоци кај институциите при меѓусебна размена на податоците. Совет за национална инфраструктура ќе ги диктира политиките на системот  за навремено добивање и дистрибуција на податоците .    
 
Податоците ќе се ажурираат тековно. Нема да се работи за статички систем кој една ќе се наполни и луѓето само еднаш ќе пристапуваат во него, туку како се менуваат, на пример дел од нив се во реално време, на пример метеоролошките услови ке можат да ги проверуваат тековно - вели Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
 
Порталот ќе има своја апликација и на мобилен телефон, ќе почне да се ажурира до крајот на годинава, за три години 17 инситуции ќе мора да ги дигитализираат  сите податоци  во националниот геопортал. 
 
Сузана Фиданска Стоевска