Супертајфунот Меранти го погоди Тајван
14.09.2016 11:51
Поради тајфунот училиштата беа затворени, летовите откажани, а институциите во земјата денеска нема да работат.

Десетици илјади луѓе во Тајван останаа без струја по налетот на супертајфунот Меранти. Бурата од петта категорија се смета за најсилна во светот досега во оваа година и беше проследена со ветришта со брзина од 216 километри на час.
Поради тајфунот училиштата беа затворени, летовите откажани, а институциите во земјата денеска нема да работат.
Се очекува Меранти да предизика поројни дождови и поплави. Од Тајван, Меранти ќе се насочи кон Кина, каде утре е предвидено дека ќе го погоди копното на провинциите Гуандун и Фуџијан.
