Асоцијација за поквалитетно информирање на интернет

14.09.2016 12:12

Членките на овој сојуз, меѓу другото, ќе споделуваат искуства и методи на елиминирање на невистинитите информации, коишто се јавуваат на интернет.

Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, и уште дваесетина други медиуми, меѓу кои и агенцијата Франс Прес, соопштија дека се приклучуваат кон Асоцијацијата на медиуми и технолошки групации, чијашто цел е подобрување на квалитетот на информирањето на социјалните мрежи и за намалување на ширењето невистинити информации.

Асоцијацијата беше основана во јуни 2015, а денес брои околу 30 новински и технолошки компании, а е поддржана и од Гугл.

Членките на овој сојуз, меѓу другото, ќе споделуваат искуства и методи на елиминирање на невистинитите информации, коишто се јавуваат на интернет.