Јункер: ЕУ во иста состојба како лани, многу нешта не еволуираа кон добро

14.09.2016 12:41

Европската Унија е во иста состојба како и лани и многу нешта не еволуираа кон добро, истакна во својот говор за состојбата на Европската Унија, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој притоа посебно инсистираше на тоа дека европскиот начин на живот мора да биде заштитен...

Годишниот говор на претеседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за состојбата во Европската Унија пред европратениците во Стразбур, доаѓа во период на отворена криза за Европа, терористички закани, невработеност, бегалска и мигрантска криза, барања за излегување или исклучување на земји членки.

„Пред една година имав можност да констатирам дека нема доволно Европа во Унијата, и дека нема доволно Унија во Европа. Таа констатација останува и денес на сила. Има многу нешта кои не еволираа кон добро“, рече Жан-Клод Јункер.

За Жан-Клод Јункер идните дванаесет месеци ќe бидат „одлучувачки“ за Европската Унија односно за „надминување на разликите меѓу Исток и Запад“, ако ЕУ сака да покажа де дека е сила. Тој се заложи за одбрана на европскиот модел на живеење и европските вредности. Залагајќи се против социјалниот дампинг, потоа борбата против невработеноста и за поголема социјална правда. Јункер најави повеќе инвестиции, посебно во дигиталната технологија и интернетот.

На заблешките на некои дека Брегзит, односно дали британската одлука за излегување од ЕУ, е почеток на распаѓањето на ЕУ, Јункер нагласи дека се почитива бритнаската одлука, „но ЕУ не е загрозена со оваа одлука“. Тој побара од Лондон да го поднесе барањето за излегување од ЕУ, за да се расчистат нештата и да се отстрани неизвесноста.

Во борбата против тероризмот, Јункер најави зголемена безбедност и контрола на европските граници, барајќи границите да се бранат и вантре и надвор со здружувањето на воените ресурси.

Својот говор претседателот на Европската комисија го заклучи со зборовите:

„Историјата нема да се сеќава на нас, но таа ќе се сеќава на нашите грешки. Да не бидеме виновни за нашите грешки, кои ќе му стават крај на европскиот сон“.

Реакциите на европратениците на говорот на Јункер беа според нивната политичка обоеност, евроскептиците се радуваат, европроврзаниците поддржуваат. Останува да се сочека самитот во Братислава за да се види дали пораката од Стразбур е навистина разбрана од земјите членки на ЕУ.

 

Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ