Пјонгјанг: САД го турка Корејскиот полуостров кон „точка на експлозија“

14.09.2016 12:50

Два американски воени авиони вчера прелетаа преку Јужна Кореја откако Вашингтон вети заштита на своите сојузници во регионот, откако Северна Кореја минатата недела изврши петто и најголемо нуклеарно тестирање.

Северна Кореја ги обвини САД дека го туркаат корејскиот полуостров кон „точка на експлозија“, откако два американски бомбардери ја прелетаа Јужна Кореја со цел да демонстрираат сила против Пјонгјанг. Оттаму соопштуваат дека исклучително непромислените провокации на американските империјалисти сѐ повеќе ја влошуваат состојбата на Корејскиот полуостров. Понатаму се вели дека севернокорејската војска „е целосно вооружена со сите средства за давање воен отпор“, со цел да возврати на било кој непријателски напад „со еден удар“.

Два американски воени авиони вчера прелетаа преку Јужна Кореја откако Вашингтон вети заштита на своите сојузници во регионот, откако Северна Кореја минатата недела изврши петто и најголемо нуклеарно тестирање. 

Експертите коментираат дека благодарение на зголеменото збогатување на ураниум и на залихите од плутониум, Северна Кореја до крајот на оваа година ќе располага со материјал доволен за изработка на околу 20 атомски бомби.

Според познавачите, властите располагаат со големи количества ураниум и повеќе од едно десетлетие работат на проект за негово збогатување, до нивото за употреба во воени цели. Пјонгјанг досега изврши пет нуклеарни проби, а најверојатно се подготвува и за шеста.

 

Марина Автовска