Жан Мишел Жар за МРТ: Горд сум што ќе дојдам во Македонија
Пионерот на електронската музика, легендарниот Жан Мишел Жар ќе го одбележи отварањето на 18-тото издание на фестивалот „Таксират“. Во својата четириесет годишна кариера, револуционерниот француски уметник првпат настапува во Македонија, како дел од големата светска турнеја, во чии рамки го промовира последниот проект „Електроника“, издаден во два тома, во последните две години.

За прв пат пред камерите на МТВ, по одличен повод, француската икона на електронската музика, од Париз, од неговорто студио, ексклузивно го најавува неговиот концерт во Скопје, во организација на „Пасворд продукција“, на 13-ти ноември во арената Борис Трајковски.
„Многу сум горд и почестен што ќе дојдам во Македонија, во Скопје со ова шоу, коешто според мене е многу подобро од претходниоте коишто сум ги работел. Ова е нешто според мене ново, поинакво и случано се поклопува со овој специјален албум- Електроника“, вели Жан Мишел Жар за МРТ.
Основоположникот на мултимедијалните перформанси за Скопје најавува спектакуларно аудио- визуелно шоу со многубројни сценски ефекти коишто ја интегрираат најновата технологија на звук и светло.
„Ова шоу е навистина исклучително, го велам тоа, бидејќи новиот тим со којшто работам на видео и светло е создаден од навистина исклучителни луѓе. Заедно создадовме нешто коешто јас го немам видено претходно“, нагласува Жан Мишел Жар.
Целосното ексклузивно интервју со Жан Мишел Жар, очекувајте го наскоро на програмата на МРТ.
Александра Јовановска
