Никола Јанкуловски стапи на функцијата ректор на УКИМ

14.09.2016 14:30

Како 23-ти ректор ќе го продолжам патот на моите претходници во одржувањето на автономијата и јакнењето на универзитетот, вети Јанкуловски.

Никола Јанкуловски, новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ги прими ректорските инсигни, еполети, обележја. Со 43 гласа Сенатот му го довери  четиригодишниот мандат на челото на најстариот ректорат во државава.

Како 23-ти ректор ќе го продолжам патот на моите претходници во одржувањето на автономијата и јакнењето на универзитетот, вети Јанкуловски.

Програмските развојни цели на УКИМ се бројни и исклучително значајни. Низата нерешени прашања во високото образование треба што поскоро да најдат соодветна разрешница. Убеден сум дека сите заедно можеме заеднички да работиме и само на тој начин да го направиме УКИМ подобар, посилен и значаен фактор во европскиот заеднички образовен и истражувачки простор кој перменентно ќе работи во насока на зајакнување на својата позиција како рамноправен и респектабилен член во европското и во светското академско окружување, рече Јанкуловски повикувајќи ги деканите и профсорите на конструктивна соработка во име на развојот и просперитетот на УКИМ.

Претходно за  сработеното во осумгодишниот мандат информираше поранешниот ректор Велимир Стојковски.

На Универзитетот во овој период беа спроведени две надворешни евалуации од страна на Европската асоцијација на универзитетите во Брисел. Особено ме радува тоа што во двата извештаја Универзитетот е оценет со највисоки оценки. Тоа е признание со кое сите треба да се гордееме, рече досегашниот ректор Стојковски.