Буџетска транспарентност: Поголема отвореност и достапност на податоците

14.09.2016 14:42

Поголема транспарентност и отченост за трошењето на буџетските пари и подобрување на методите кои ќе помогнат за подобра информираност на граѓаните, бара невладиниот сектор. Од Министертсвото за информатичко општество велат дека покрај порталот на кој може да се добијат податоци институциите за две години ќе го заокружат процесот за создавање на алатка за информации поврзани со трошењето државни пари...

Граѓанин којшто зема плата од 20 илјади денари дневно преку давачки одвојува по безмалку 400 денари за функционирање на државната власт. Овие и други податоци се достапни на веб платформа на Центарот за граѓански комуникации. Каде одат моите пари е дилема за многумина. Иако постојат закони, транспарентноста и натаму е главен проблем, беше оценето на конференција во Скопје.

Свој портал со иста цел има и Министерството за информатичко општество но отаму тврдат дека е слаб интересот на граѓаните да добијат информација како се трошат партите.

Од регионов, во Бугарија отворените податоци се ажурираат на дневна основа. Голем напредок во транспарентноста е направен последната година.

Искуствата во Албанија покажуваат дека буџетската транспарентност е првиот чекор кон демократизација на буџетскиот процес. Се покажало дека е особено важно да се подигне свеста на раководителите во владините тела- искуство кое може да биде од корист и кај нас.                                   

Дијана Ценевска