20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Русија, шефовите на дипломатиите разменија писма!

31.01.2014 16:12

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Русија Никола Попоски и Сергеј Лавров,  разменија писма во контекст на одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, соопштија од МНР.
 
„Ценам дека 31 јануари 1994 година е датум кој е трајно врежан во историјата на односите меѓу двете држави, бидејќи на тој ден, во еден исклучително сложен период низ кои минуваше нашата земја, Русија безрезервно ја поддржа независноста на Македонија, и тоа под нејзинотот уставно име, посочува министерот Попоски.
 
Во писмото на Лавров пак, стои: „Русија и Македонија ги врзува сличноста на ставовите во однос на клучните прашања на глобалната, европската и регионалната агенда кои се базираат на темелните принципи на меѓународното право.“
 
Лидија Чакар