Случај „Еразмус“: Забрана за работа за четворица професори од Економски факултет

14.09.2016 15:47

Во соопштението до јавноста пишува дека оваа мерка ќе важи се додека за неа има потреба, а најдолго до правосилност на пресудата.

Професорот Бобек Шуклев од Економскиот факултет нема да може да им предава на студентите во новата академска година. Ваква одлука донесе судијата на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на јавнот обвинител во случајот „Еразмус“.

Забрана за работа има и за уште тројца универзитетски професори за кои постои сомнение дека примале поткуп од студентите– информираат од судот. Во соопштението до јавноста пишува дека оваа мерка ќе важи се додека за неа има потреба, а најдолго до правосилност на пресудата.

Во судот вчера беа повикани вкупно шестмина професори. За време на распиорот обвинителот за двајца од нив го повлече барањето за определување на оваа мерка за претпазловост.

Анита Димитријевска