Македонија- Украина: Потенцијал за соработка во ИТ секторот, фармацијата, туризмот

14.09.2016 16:02

Украинско- македонска економска соработка. Киев со нови иницијативи во областа на информатичката индустрија, фармацијата и туризмот. Поддршка за зголемување на трговската размена од владите на двете држави...

Најголем потенцијал за зголемување на соработката меѓу македонските и украинските компании има меѓу малите и средни фирми, но охрабрува што се повеќе се вклучуваат и големите бизниси. Премиерот Димитриев најави максимална поддршка на секоја украинска компанија заинтересирана за инвестирање во земјава и искористување на нашите компаративни предности.

Украинските фирми сѐ повеќе ја гледаат Македонија како дестинација за директен влез на европскиот пазар.

„Постои голем потенцијал за соработка во ИТ технологијата, во фармацевтската индустрија, во областа на туризмот“, вели Генадиј Дмитриевич Сизиков, претседател на Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина.

Веќе има и западни инвеститори кои преку Украина инвестираат и во Македонија, особено во ИТ секторот.

По ланскиот пад во трговијата поради економската состојба во Украина, годинава за седум месеци меѓусебната размена расте надминувајќи ниво од 23 милиони долари.

 

Свето Николовски