По серијата земјотреси, мирна ноќ во Скопско

15.09.2016 10:43

Надеж дека тлото се смирува по последователните потреси што предизвикаа паника кај населениото, следствено на силниот земјотрес од 5,3 степени според Рихтер што се случи во неделата...

По серијата земјотреси, релативно мирна  ноќ во Скопско. Надеж дека тлото се смирува по последователните потреси што предизвикаа паника кај населениото, следствено на силниот земјотрес од 5,3 степени според Рихтер што се случи во неделата.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје во текот на вчерашниот ден забалежа неколку помали земјотреси со амплитуди од 1,9 степен, кои граѓаните не ги почувствуваа, иако претходно се чувствуваа и потреси со јачина од 1,5 степени според Рихтер.

Последниот најсилен земјотрес во скопското епицентрално подрачје по оној во неделата, се случи средата по полноќ, во 1 часот и 32 минути со јачина од 3,2 степени.

Серијата потреси предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите побарале повеќе од 200 лица.