Берни Сендерс бара помилување на Едвард Сноуден
Според Сендерс, информациите му помогнале на Конгресот и на американскиот народ да го разберат степенот до кој Агенцијата ги злоупотребувала надлежностите и да ги научат уставните права на Американците.

Сенаторот од Вермонт Берни Сендерс повика за помилување на Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), кој објави тајни документи на разузнавачките служби.
Според Сендерс, информациите му помогнале на Конгресот и на американскиот народ да го разберат степенот до кој Агенцијата ги злоупотребувала надлежностите и да ги научат уставните права на Американците.
Групите за заштита на човековите права го повикаа претседателот Барак Обама да застане на вистинската страна на историјата пред да го напушти кабинетот и да го помилува Сноуден кој живее во Москва.
