Примирјето во Сирија продолжено за 48 часа
15.09.2016 11:52
Претходно американскиот државен секретар Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија Серегеј Лавров постигнаа договор за прекин на огнот кој стапи во сила во понеделникот.

Вашингтон и Москва се договорија да го продолжат примирјето во Сирија за уште 48 часа. Претходно американскиот државен секретар Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија Серегеј Лавров постигнаа договор за прекин на огнот кој стапи во сила во понеделникот.
Оттогаш не се регистрирани жртви во тие региони, но се забележани помали инциденти. Примирјето не се однесува на борците од Исламска држава и поранешниот фронт Ал Нусра.
