Македонската филхармонија вечерва гостува во Кичево

15.09.2016 11:55

Под палката на маестро Борјан Цанев, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе делата: Арија од Оркестарската свита бр.3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса бр.2“ од Лудвиг ван Бетовен, каде како солист ќе настапи младиот и талентиран виолинист Бојан Илковски...

Македонската филхармонија вечерва гостува во Домот на културата во Кичево, каде со почеток во 20 часот ќе одржи симфониски концерт.

Под палката на маестро Борјан Цанев, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе делата: Арија од Оркестарската свита бр.3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса бр.2“ од Лудвиг ван Бетовен, каде како солист ќе настапи младиот и талентиран виолинист Бојан Илковски, како и атрактивната Симфонија во ге-мол бр. 40 од Волфганг Амадеус Моцарт.

Гостувањето на Македонската филхармонија во Кичево е дел од мисијата на оваа институција да ја развива музичката култура и во другите градови во земјава.