СЈО ги поднесе првите две обвиненија

15.09.2016 12:18

Специјалното јавно обвинителство денеска ги поднесе првите два обвинителни предлога поврзани со кривични дела кои произлегуваат од незаконски присушуваните разговори...

Специјалното јавно обвинителство денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе два обвинителни предлога поврзани со кривични дела кои произлегуваат од незаконски присушуваните разговори.

Првиот случај се однесува на уништување документи прибавени од незаконското прислушување што го извршиле вработени во Петтата управа на МВР.

Вториот случај за кој е поднесен предлог за покренување обвинение произлегува од прислушуван разговор воден меѓу високи носители на извршната власт вечерта на 01.06.2013 година. Разговорот бил воден откако била закажана седница на Советот на општина Центар на која требало да бидат поништени неколку детални планови, меѓу кои и за Мал ринг.

Главната обвинителка Катица Јанева апелира Собранието да го прифати нивниот предлог за измена на Законот за заштита на сведоци, со што според неа многу ќе се олеснат истрагите и процесирањето на предметите што произлегуваат од незаконски прислушуваните разговори.

Јанева истакна дека е подготвена да го презентира шестмесечниот извештај пред Собранието на РМ и Советот на јавни обвинители.