Хилари Клинтон во добра здравствена состојба
15.09.2016 12:48
Откако и се слоши на комеморацијата за жртвите на терористичките напади на 11 септември, и беше дијагностицирано воспаление на белите дробови.

Хилари Клинтон е во добра здравствена состојба, соошти медицинскиот тим на демократската кандидатка за претседател на САД. Откако и се слоши на комеморацијата за жртвите на терористичките напади на 11 септември, и беше дијагностицирано воспаление на белите дробови.
Нејзиниот противник Доналд Трамп ги предаде резултатите од систематскиот преглед во емисијата на доктор Оз, но содржината на документот не се објавува пред емитувањето на познатото шоу.
