ДУИ со предлог за ревидирање на границите на изборните единици

15.09.2016 12:52

Треба да се ревидираат границите на изборните единици за да нема разлика и од 30.000 гласачи од една до друга изборна единица, стои во образложението.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери поднел предлог до координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПА за ревидирање на границите на изборните единици и изедначување на бројот на гласачите по изборни единици.

Треба да се ревидираат границите на изборните единици за да нема разлика и од 30.000 гласачи од една до друга изборна единица, стои во образложението.

Од ДУИ велат дека треба да се елиминираат сите можности изборите на 11 декември некој да ги прогласи за нелегитимни.

Државната изборна комисија веќе соопшти дека во шестата изборна единица има за 0,28 насто повеќе гласачи од законски дозволеното.