Саити: Парите за поплавените најдоцна в понеделник

15.09.2016 13:08

Вкупно милион и 20 илјади евра ќе пристигнат на трансакциските сметки на пријавените граѓани најдоцна до понеделник- изјави за МТВ генералниот секретар на Црвениот Крст, Саит Саити...

Парите што се собрани на сметката на Црвениот Крст за погодените од поплавените подрачја, вкупно милион и 20 илјади евра ќе пристигнат на трансакциските сметки на пријавените граѓани најдоцна до понеделник- изјави за МТВ генералниот секретар на Црвениот Крст, Саит Саити.

Завчера е потпишан договорот за донација од половина милион евра од австриската влада, коишто ќе бидат распоредени на 300 семејства од социјалните категории од погодениот регион.