Комисија за финансирање и буџет: Рокада во дневниот ред по барање на ДУИ
Како прва точка ќе биде разгледуван предлогот на опозициската СДСМ за дополнување на Законот за извршување на буџетот за годинава.

На барање на пратениците од ДУИ, по пауза од скоро еден час, Комисијата за финансирање и буџет со мнозинство гласови го смени редоследот на точките на дневниот ред за денешната седница.
Како прва точка ќе биде разгледуван предлогот на опозициската СДСМ за дополнување на Законот за извршување на буџетот за годинава. Со него се бара поголема транспарентност и спречување можна злоупотреба во вршење на проценката и исплатата на штетите од елементарните непогоди што ги зафатија скопскиот регион и другите подрачја во земјава.
Во продолжение комисијата ќе го разгледа и предлогот за корекции на законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост.
