Средба Вељаноски- Вуцис во Стразбур
Според соопштението од неговиот кабинет, двајцата се согласиле дека ваквите средби се позитивен пример и се особено значајни за идно продлабочување на соработката и натамошно подобрување на вкупните односи меѓу двете држави на сите полиња.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти која се оддржува во Стразбур, се сретна со неговиот грчки колега по функција Николаос Вуцис.
Според соопштението од неговиот кабинет, двајцата се согласиле дека ваквите средби се позитивен пример и се особено значајни за идно продлабочување на соработката и натамошно подобрување на вкупните односи меѓу двете држави на сите полиња.
Вељаноски истакнал дека политичарите треба да се посветат на изнаоѓање на начини како да се сопре спиралата на емитирање на неповолни вести, да се промовираат позитивни примери на соработка во секојдневниот живот меѓу граѓаните и да се најдат начини на кои ќе се манифестира соработката на полиња за кои има заеднички интерес.
Во однос на спорот за името, Вуцис истакнал дека истиот треба да се реши на меѓународно ниво, со помош на меѓународното посредништвото кое веќе е воспоставено, и потенцирал дека се надева на поскоро решение кое ќе го прифатат двете страни.
Попладнево во Стразбур, Вељаноски ќе има обраќање на Европската конференција на претседатели на парламенти.