Ромпуј: Разговорите меѓу Британија и ЕУ не би требало да почнат пред крајот на 2017 година
Според него, е потребно да се формира германската влада по септемвриските избори за да стартуваат преговорите кои се очекува да бидат сложени.

Сериозните разговори меѓу Обединетото Кралство и земјите-членки на ЕУ не би требало да почнат пред крајот на 2017 година, изјави Херман ван Ромпуј, поранешиот претседател на Европскиот совет.
Според него, е потребно да се формира германската влада по септемвриските избори за да стартуваат преговорите кои се очекува да бидат сложени.
Премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј изјави дека до 2017 година нема да се активира Членот 50 со кој се означува официјално почетокот на процесот за излез од Унијата.
Во меѓувреме, лидерите на земјите-членки одржуваат средба во словачката претстолнина Братислава на која се решава иднината на блокот.
