Германија: Ултрадесничарите и бегалците се судрија во Бауцен

15.09.2016 14:24

Во инцидентот кој се случил во градскиот плоштад учествувале 80 Германци и 20 мигранти.

Ултрадесничарите во Германија и бегалците се судрија во градот Бауцен при што интервенирале 100 полицајци.

Во инцидентот кој се случил во градскиот плоштад учествувале 80 Германци и 20 мигранти. Азилантите фрлале со шишиња кон полицијата, а радикалистите извикувале националистички пароли, барајќи мигрантите да се вратат во бегалските кампови.

Во почетокот на годинава жителите на овој град го прославуваа пожарот во некогашниот хотел кој сега е приспособен за бегалците.