На градското пристаниште во Охрид денеска беше поставен и осветен камен темелникот на спомен обележјето посветено на верскиот празник Богојавление-Водици, црковно-народна манифестација која најмасовно се прославува во регионот.Спомен обележјето е донација на бизнисменот Ванчо Чифлиганец,кој беше кум на манифестацијата во 2 012-та година.Идејата е во духот на традицијата на најмасовната прослава на Богојавление во овој дел на православниот свет,Охрид и Македонија да добијат автентично обележје,нов симбол по кој ќе биде препознатлив градот,рече донаторот на спомен-обележјето,бизнисменот Ванчо Чифлиганец,кој беше кум на манифестацијата пред две години.
„Сакаме покрај верско и духовно обележје тоа да биде и една туристичка атракција за туристите кои ќе доаѓаат во Охрид„ - Ванчо Чифлиганец-бизнисмен
Скулптурата отсликува христијански херој,рече авторот на спомен обележјето „Фаќачот на крстот„
„Главна цел ми беше да го изглорифицирам самото фаќање на крстот.Тоа е еден млад дечко за да биде биде пример на младите и тие да се охрабруваат и да се дрзнат да го направат тоа„ - Ангел Коруновски-скулптор
Општината беше вклучена во сите фази околу одлуката за локациско решение и во изборот на најдобро идејно решение.
„Чинот на донирање на еден ваков споменик многу ни значи,со надеж дека ќе стане едно препознатливо спомен обележје,со кое ќе се соживееме и ние и генерациите што доаѓаат„ - Гордана Коњановска-Претседателка на Советот на општина Охрид
Скулптурата која ќе биде изработена во бронза,со висина од три метри и 10 сантиметри ќе биде поставена до почетокот на летната туристичка сезона.