Меркел и Оланд разговараа за иднината на Европа
Во Братислава треба да излеземе со став дека сме цврсто решени да реагираме заедно со послабите земји, заедно да ги решаваме задачите кои се наоѓаат пред нас, истакна Меркел на прес-конференција во Париз, по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд пред утрешниот самит.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека од суштинско значење е на утрешната средба на високо ниво на ЕУ во Братислава, вниманието да се насочи кон послабите земји.
Во Братислава треба да излеземе со став дека сме цврсто решени да реагираме заедно со послабите земји, заедно да ги решаваме задачите кои се наоѓаат пред нас, истакна Меркел на прес-конференција во Париз, по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд пред утрешниот самит.
Оланд пак ја повика Европа да изработи јасна визија за нејзината иднина, додавајќи дека на средбата во Братислава треба да биде договорен план и да се подготви патоказ за ЕУ по одлуката на Велика Британија за излез од унијата.
