Вељаноски: Македонија е активно вклучена во управувањето со бегалската криза
Претседателот на Собраието на Република Македонија, Трајко Вељаноски ги претстави податоците на македонските надлежни институции, според кои во последните 16 месеци низ Македонија транзитирале повеќе од 900 илјади бегалци...

Пораката која што е кажа претседателот на Собраието на Република Македонија Трајко Вељаноски пред неговите колеги од Европа е јасна, дека Република Македонија активно работи на решавањето на бегалската криза.
Тој притоа ги претстави податоците на македонските надлежни институции, според кои во последните 16 месеци низ Македонија транзитирале повеќе од 900 илјади бегалци.
„Сето ова за Република Македонија која има 2 милиони жители и ограничени материјални и човечки ресурси е навистина голем предизвик од повеќе аспекти. Прво, како да се обезбедат минимум достоинствени услови овие луѓе да ја поминат Македонија“, рече Вељаноски.
Вељаноски побара справувањето со кризата со беглаците и мигрантите да биде на ниво на Европа со максимална соработка меѓу сите држави, односно соработка помеѓу надлежните институции.
„На почетокот од мигрантско-бегалската криза кај нас се чувствуваше недостаток на кооперативност од страна на нашиот јужен сосед, но тоа е надминато бидејќи на сите ни е јасно дека тоа е наш заеднички интерес“, нагласи Вељаноски.
Претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски имаше историска средба со претседателот на парламентот на Грција, Николаос Вуцис.
Претседателот Вељаноски потенцираше дека евроатланската интеграција на Република Македонија е наш приоритет и истакна дека е добредојдена помошта од Република Грција која може да ја даде во таа насока.
Претседателот Вуцис од своја страна истакна дека двете земји треба да го земат примерот на помирување на Франција и Германија, кој покажа дека со заедничка соработка и искрени намери може да се надминат сите пречки за успешна заедничка иднина меѓу државите за доброто на нивните граѓани, и потенцираше дека се надева на поскоро решение кое ќе го прифатат двете страни.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ