Средба на претседателите на Македонија и на Србија во Битола
Предвиденое е Николиќ да положи цвеќе на српските воени гробишта во Битола, каде што се погребани 1.321 српски војник од Балканската и Првата Светска војна...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Битола ќе има средба со претседателот на Србија Томислав Николиќ кој престојува во Македонија по повод одбележување на 100 годишнината од битката на Кајмакчалан.
По тет-а-тет средбата, двајцата претседатели ќе имаат заедничка прошетка во центарот на Битола и средби со граѓани.
Предвиденое е Николиќ да положи цвеќе на српските воени гробишта во Битола, каде што се погребани 1.321 српски војник од Балканската и Првата Светска војна.
Претходно, Николиќ ќе учествува на церемонијата за одбележување на стогодишнината од битката на планинскиот врв Кајмакчалан на планината Ниџе.