Ќе нема субвенции без еколошко земјоделство
За да го остварат правото за добивање на субвенции, земјоделски производители сѐ повеќе ќе треба да внимаваат и на заштитата на животната средина. Во наредните години овој услов за финансиската поддршка ќе се воведува постепено.

Добрата земјоделска практика, квалитетот на производите, заштита на животната средина и оптимално користење на водата се условите за добивање субвенции во наредните години.
По големите стопанства и земјоделците во иднина ќе мора да ги евиентираат употрбените заштитни средства, ѓубривата и добиениот род.
Најмалку еднаш во пет години треба да вршат и хемиска анализа на почвата, за да се знае какви средства се користени.
Принципите на добрата земјоделска практика ќе се воведуваат постепено и на почетокот ќе важат само за одредени производители и за поголемите стопанства.
Методија Трајков
