Собрание
Комисиска расправа за поплавите во скопскиот регион
16.09.2016 10:26
Надзорната расправа ја иницира опозициската СДСМ, а ја прифати владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе расправа за последните поплави што го зафатија скопскиот регион.
Надзорната расправа ја иницира опозициската СДСМ, а ја прифати владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Неофицијално се очекува да бидат повикани триесетина сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и екс- премиери во чиј мандат била градена скопската обиколница.
