Слаб земјотрес утрово во Скопско
16.09.2016 10:39
Земјотресот што се случи во 4 часот и 55 минути е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени...

Слаб земјотрес со магнитуда од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во источниот дел во скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот што се случи во 4 часот и 55 минути е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
