Словенија ја тужи Хрватска во Стразбур поради законот за „Љубљанска банка“

16.09.2016 11:04

Словенечкиот премиер Миро Церар уште лани најави дека Словенија би можела да ја тужи Хрватска поради законот со кој „Љубљанска банка“ се обврзува да им ги врати заштедите на хрватските штедачи.

Словенија поднесе тужба против Хрватска пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради непочитување на правото на пропаднатата „Љубљанска банка“ за наплати на побарувањата од хрватските компании, соопшти словенечкиот министер за правда, Горан Клеменчиќ.

Словенечкиот премиер Миро Церар уште лани најави дека Словенија би можела да ја тужи Хрватска поради законот со кој „Љубљанска банка“ се обврзува да им ги врати заштедите на хрватските штедачи.

Според Клеменчиќ, со своите постапки и одлуки Хравтска и нанела штета на Словенија од 360 милиони евра.