Самит на лидерите на ЕУ во Братислава, иднината на Европа во фокус

16.09.2016 11:11

Формалните преговори за Брегзит стартуваат во 2017 година, а прироритетно прашање е пристапот за Обединетото Кралство кон европскиот единствен пазар и слободното движење на работниците во Велика Британија.

Лидерите на 27 земји од ЕУ ќе се состанат во Братислава на нефорамлен, но важен самит, на кој најмногу ќе се разговара за иднината на ЕУ по британскиот Брегзит. На европските влади им е потребен план за идните односи со Британците кои решија да ја напуштат Унијата, како и план за реформирање на европскиот блок.

Формалните преговори за Брегзит стартуваат во 2017 година, а прироритетно прашање е пристапот за Обединетото Кралство кон европскиот единствен пазар и слободното движење на работниците во Велика Британија.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите да изнесат реален и позитивен план за Европа. Според неа, бегалската криза и борбата со џихадистите може да се реши само со заеднички европски пристап.