Може да се обработува почвата во поплавените скопски подрачја

16.09.2016 11:13

Од Здружението а земјоделска техника оценуваат дека се создадени услови за влегување на механизацијата во земјоделските површини, за подготовка за новата реколта.

Почвата во поплавените подрачја во Скопје може да се обработува- информира Здружението за земјоделска техника. Се препорачува да се почне со плитко орање, на длабочина најмногу до 15 сантиметри.

Од Здружението оценуваат дека се создадени услови за влегување на механизацијата во земјоделските површини, за подготовка за новата реколта.

„Временските услови се погодни, а по два до три дена може да се изврши и длабоко орање на онаа длабочина за што е наменета земјоделската површина, во зависност дали се работи за житарици, градинарски или индустриски култури“- се вели во дописот.

Во претстојниот период, на терен ќе бидат и стручни лица од агенцијата за земјоделство за помош на земјоделците.