Европска недела на мобилност до 22-ри септември

16.09.2016 11:21

Годинава тема на европската недела е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“...

Од денеска до 22-ри септември, Град Скопје ќе организира разновидна програма наменета за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор во рамките на Европската недела на мобилноста 2016-та.

Годинава тема на европската недела е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“. Ќе биддат претставени проекти поврзани со одржливата мобилност и ќе биде испратена порака за користење алтернативни видови транспорт.