„Повелба на Република Македонија“ за Сојузот на здруженијата на пензионерите
Според претседсателот Иванов овој јубилеј е можност да се еволуираат програмите и активностите и со нова енергија да се продолжи во унапредувањето на правата и должностите на пензионерите...

Признанието „Повелба на Република Македонија“ претседателот на државава го додели на Сојузот на здруженијата на пензионерите. Поводот за ова признание е 70 години од основањето како самостојна и автономна организација, а особено за постигнатите резултати во својата долгогодишна дејност преку многубројните активности за афирмирање на статусот и за унапредување на квалитетот на животот на пензионерите на Република Македонија.
Според Иванов овој јубилеј е можност да се еволуираат програмите и активностите и со нова енергија да се продолжи во унапредувањето на правата и должностите на пензионерите.
Пензионирањето од работа не значи пензионирање од општеството. Напротив, пензионерите со своите активности и помагање во рамките на домот и семејството, но и во пошироката заедница, преку учество во најразлични иницијативи со своето искуство и интелектуален капацитет се активни чинители на општествените текови, истакна Иванов.
Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски во обраќањето на свечената академија рече дека оваа Повелба значи признание за 250 илјади пензионери, како и за седумдецениската историја на пензионерското организирање во Македонија.
