Напад на Курдската работничка партија во Источна Турција

16.09.2016 11:42

Поради серијата напади во последните неколку месеци, британската и германската амбасада во Анкара најавија дека ќе работат со ограничен капацитет за време на празникот Курбан Бајрам.

Седуммина чувари на редот и две воени лица се убиени, а тројца војници и двајца цивили ранети во нападот од Курдската работничка партија во Источна Турција. Поради серијата напади во последните неколку месеци, британската и германската амбасада во Анкара најавија дека ќе работат со ограничен капацитет за време на празникот Курбан Бајрам.

И германските училишта во Турција ќе бидат затворени поради опасност од нови насилства. Официјална Анкара почна офанзива против сите терористички организации паралелно со чистката на приврзаниците на имамот Ѓулен и пучистите.

Преку видео-обраќање, имамот којшто живее во САД, ги осуди репресиите на турските власти врз неговите следбеници, нагласувајќи дека претседателот Ердоган ја злоупотребува ситуацијата со неуспешниот обид за воен удар за да им се одмазди на „ѓуленистите“.