Средба Адеми- Даниелсон во Брисел

16.09.2016 12:14

Двајцата соговорници констатирале дека оценката на политичките лидери дека се исполнети условите за организација на парламентарните избори, е позитивен исчекор и дека во претстојниот период потребно е да се вложат напори да се организираат демократски, кредибилни и инклузивни избори...

Актуелната политичка состојба во земјата, активностите поврзани со организацијата на претстојните парламентарни избори, итните реформски приоритети и ИПА фондовите, биле во фокусот на работната средба помеѓу вицепремиерот задолжен за европски прашања, Арбр Адеми, и генералниот директор на Директоратот за проширување и соседска политика на ЕК, Кристијан Даниелсон.

Двајцата соговорници констатирале дека оценката на политичките лидери дека се исполнети условите за организација на парламентарните избори, е позитивен исчекор и дека во претстојниот период потребно е да се вложат напори да се организираат демократски, кредибилни и инклузивни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Адеми истакнал дека помошта која земјата ја добива од ЕУ преку ИПА фондовите е од суштинско значење за спроведување на реформите кои се значајни не само за државата, туку и за граѓаните. Токму затоа се прават максимални напори да се подобрат капацитетите за апсорбција и да се обезбеди поефикасно искористување на средствата.

Двајцата соговорници констатирале дека треба да продолжи праксата на блиска соработка и координација меѓу државните институции и Европската комисија со цел да се адресираат препораките од досегашните научени лекции и да се обезбеди поефикасна имплементација на проектите.