Шпион отворен за јавноста
Обвинетите Миќо Настоски , Горан Стојков и Марјан Маџоски во судницата јавно проговореа за аферата шпион. Генерал Горан Стојков во целост ги отфрли наводите дека е член на групата што ја формирал Марјан Ефремов. Немал врска со аферата за шпионажа, напротив тој ја бранел државата. Оружјето го поседувал легално. За оружјето од 1917 потврди дека е трофејно, а дел од муницијата сеуште не ја раздолжил. На Стаматовски не му барал да му набавува материјали од архивот..

Поранешниоот директор на бетон Миќо Настоски пред судот изјави дека не учествувал во измама со плочката којашто имала голема вредност и која наводно првообвинетиот Ефремов требало да ја продаде. Тој негираше дека учествувал во уцената на бизнисменот Минчо Јорданов. 12 000 евра му ги дал на шефот на кабинетот на собранискиот спикер , Маџовски бидејќи тој му ги побарал за неговата болна мајка. Маџовски, пак тврдеше дека Настоски му ги дал за да посредува во изнудата. Неговиот адвокат Џиков е задоволен од тоа што со дадениот исказ јавноста ќе биде подобро запознаена.
„ Обвинетиот Марјан Маџовски не е категоризиран во оние зони и кривични дела како што се на пример шпионажа, такво кривично дело за него нема“ – изјави“ - адвокат Ставре Џиков.
Во аферата шпион од 19 обвинети , деветмина побараа јавноста да биде исклучена.
Новинар: Фиљана Кока
Снимател: Војо Самандов