Експерти: Стапката на раст иако позитивна, не е доволна
Во расправата на конференцијата за улогата на финансиите во глобалниот свет експертите со став- секогаш кога има ребаланс на буџетот прва жртва се капиталните расходи, смета професорот Владимир Филиповски. Тој вели дека често пати капиталните расходи се користат за да се урамнотежи буџетот. Според Владимир Глигоров, три проценти е мала стапка на раст. Смета дека има основа за многу поголем раст на стопанството...

Секогаш кога има ребаланс на буџетот прва жртва се капиталните расходи- смета професорот Владимир Филиповски. Вели корекциите се користат за да се урамнотежи буџетот. Според него, добро е што стапката на раст на БДП е позитивна, но смета оти не е доволна за пораст на животниот стандард и на економската активност.
„Во вториот квартал, стапката на раст на БДП е позитивна, иако се разбира, за земја како Македонија 2,2% не е доволно за да имаме пораст на животниот стандард, на нивото на економската активност, кое би било трајно“, смета универзитетскиот професор Владимир Филиповски.
Ако изборите дадат демократски резултат тогаш Македонија ќе ги има сите услови да се врати на стапка на раст од 3 проценти- вели економскиот истражувач од Виенскиот институт, Владимир Глигоров. Според него, забавувањето на економската активност се должи на одложувањето на инвестициските одлуки сѐ додека не се реши политичкиот проблем. Според Глигоров, има основа за побрз раст на стопанството.
„Нешто од тоа што се прави не се прави добро. Дали се работи за монетарна политика, фискална политика, дали државата инвестира каде што не би требало да инвестира, а не инвестира каде би требало да инвестира, дали се работа за оваа голема неизвесност, што практично го намалува штедењето на граѓаните и вложувањето во иднината. Тоа се тие фактори кои треба да се изменат“, смета Владимир Глигоров, економски аналитичар.
Бруто-домашниот производ во второто тримесечје се зголеми за 2,2 процента, како резултат на позитивата во градежниот сектор од 31 насто. Во првото полугодие е остварен просечен раст на БДП од 2,1 процент.
Сунчица Николоска
