Лондон: Вооружен маж ѝ се заканувал на полицијата

16.09.2016 16:02

Медиумите наведуваат дека полицијата пристигнала на местото откако се урнал еден балкон на зграда, а неименуваниот маж кој почнал да се заканува набргу бил уапсен.

Маж во Лондон којшто денес и се заканувал на полицијата дека е вооружен со пиштол бил уапсен откако полицајците ја евакуирале областа Виндмил во центарот на британската престолнина.

Медиумите наведуваат дека полицијата пристигнала на местото откако се урнал еден балкон на зграда, а неименуваниот маж кој почнал да се заканува набргу бил уапсен.

Понатаму се вели дека неговите соседи стравувале бидејќи мислеле дека поседува пиштол или бомба. Не се познати причините за инцидентот.